Заштита на податоци
Оваа Политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во TNT IT Market и начинот на кој собраните лични информации се користат.
Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на TNT IT Market, www.tnt.net.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до други веб страни ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Со самиот пристап и регистрација како Купувач на веб страната на www.tnt.net.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност.
Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и презиме, Е-маил адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка.
Вашата трансакција ќе биде процесирана преку порталот за наплата од кредитни картички на Casys (cPay). Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција.
Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.
Ние нема да ги објавуваме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.
Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.
COOKIESОваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.
МАЛОЛЕТНИ ЛИЦАРодителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.
СИГУРНОСТНие ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите личните податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.tnt.net.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила. За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на TNT IT Market преку формата за контакт или преку телефонската линија за поддршка.

кошничка
можности за плаќање
сертификат за квалитет
