Бренд и бизнис стратегија
ТНТ ИТ маркет претставува огранок од фирмата ДПТУ Софтејџ ДООЕЛ Скопје од Скопје, регистрирана во декември 2004 година, како фирма за развој на софтвер и софтверски консалтинг. Во јули 2007г. дејноста на Софтејџ ДООЕЛ беше проширена со отворањето на ТНТ ИТ маркет во Г.Т.Ц. Скопје, како нова бизнис секција со дејност: трговија на мало со компјутери, периферни единици и софтвер во специјализирани продавници. Во период од три години фирмата имаше брз раст и развој, па така бројот на вработени лица се зголеми од три на шеснаесет, бројка што сеуште расте. Во меѓувреме фирмата отвори своја подружница и во Т.Ц. Рамстор. Нашите продавници во Г.Т.Ц. Скопје и Т.Ц. Рамстор ги мотивираа и другите конкурентски продавници да отворат свои подружници во овие трговски центри. Со цел да го постигнеме сето ова, формиравме силен тим од посветени луѓе, фокусирани на своите задачи со љубов и одговорност.
ТНТ ИТ маркет логото и брендот се трговска марка, целосно заштитени согласно македонските закони за интелектуална сопственост. Во тек е и процес за нивна заштита на териториите на Република Србија, Косово и Албанија.
Концептот (слоганот) на ТНТ ИТ маркет е „Клиентот на прво место“. Тоа не е нешто ново и измислено од наша страна, туку е нешто што ние целосно го имплеметиравме во нашите секојдневни операции. Брзата достава, брзиот сервис, експертските совети, се само неколку од предностите што ги имаме во нашата понуда, во однос на конкуренцијата за трговија на мало со ИТ опрема. Нашата понуда претставува внимателна селекција на брендови од најдобрите светски производители на ИТ опрема, а воедно е и најбогата и најразновидна. Со еден збор, го нудиме најдоброто за нашите клиенти и купувачи. Ја имплементираме и развиваме „Customers for life“ („Муштерии – доживотно“) програмата за лојалност, наградувајќи ги нашите клиенти /потрошувачи секогаш кога ќе дојдат да купат некој наш производ или услуга (сервис). Во план е изработка на ТНТ ИТ маркет членска картичка, која што ќе нуди многу предности и поволности во нашите продавници. Софтејџ го воведе меѓународниот стандард ISO 9001:2008 кој се однесува на системот за управување со квалитет. Воедно ја донесе и Политиката за Квалитет која ја дефинира насоката на движењето на фирмата.
Сето ова комбинирано со нашата маркетинг стратегија придонесе до голем број клиенти, а брендот стана препознатлив не само во Скопје, туку и на целата територија на Република Македонија.
Поради сета оваа посветеност и работна стратегија, ТНТ ИТ маркет беше третонаграден од Градот Скопје за квалитетот на услугата во категоријата „Телекоминикации и ИТ опрема“ за 2009 година.
ТНТ ИТ маркет – Г.Т.Ц. Скопје
ТНТ ИТ маркет беше основан и започна со работа во јули 2007 година со отварањето на првата продавница во Градскиот Трговски Центар. Главната идеја беше да се отвори ИТ продавница поинаква од дотогашните продавници за компјутери на нашиот пазар. Да биде тоа простор каде купувачот е секогаш на прво место и каде што коминтентите ќе имаат избор на завиден број различни компјутерски брендови. Нашата цел не беше само да сме им на располагање на луѓето со претходно компјутерско познавање, туку и да ги доближиме компјутерите и технологијата кон обичните граѓани, кои не се доволно запознаени со истите, и да им помогнеме кон тоа да ги разберат подобро. Со други зборови, нашите продавници се за секоја целна група. Тоа беше и главната причина да се одлучиме да не вршиме самите увоз на некој од компјутерските брендови, за изборот да не се ограничи, туку да соработуваме со постоечките официјални увозници на брендовите од нашата земја, со што купувачите ќе имаат вистински избор помеѓу сите тие компјутерски брендови.
Со повеќе од триесет илјади луѓе, кои дневно поминуваат крај нашата продавница, претставуваме една од најдобро лоцираните продавници во Градскиот Трговски Центар – Скопје. Иако сместени во само 30 м2, во потполност и со голема професионалност одговараме на потребите на купувачите.
Дрес-кодот на вработените се состои од секојдневна облека, брендирана со нашето лого и слоганот „We Love Our Customers” ( „Ги сакаме нашите муштерии“), што буди насмевка на лицата кај купувачите и придонесува кон пријателскиот однос со нив.Следните фотографии се приказ за дизајнот на нашиот продажен салон и за разнообразноста при изборот на брендови преносни компјутери.
ТНТ ИТ маркет – Т.Ц. Рамстор
Набрзо забележавме дека нашата стратегија за бизнис вроди со позитивни резултати, па донесовме одлука да го прошириме и во другите трговски центри во Скопје. Единствениот затворен трговски центар, кој работи 365 дена во годината беше Т.Ц. Рамстор и од тие причини избравме таму да отвориме нова подружница. Во конкуренција на повеќе докажани фирми од ИТ бизнисот, единствено ние успеавме да добиеме продавница во овој трговски центар, на одлична локација, близу главниот влез. Во овој трговски центар 60% од купувачите зборуваат на свој албански или турски мајчин јазик, па поради тоа вработивме луѓе кои припаѓаат на тие национални групи и со тоа повторно понудивме одлична услуга и постигнавме блискост и пријателски односи со нашите муштерии. Поради можноста продавницата да работи секој ден од годината, и за празници, и за викенд, стекнавме одлични приходи и нашиот бизнис тргна во нагорна линија.
Дизајнот на продажниот салон е идентичен со претходниот во Г.Т.Ц. Скопје со мали интервенции во боите, за подобро да се вклопи во просторот на овој трговски центар. Во овој продажен салон имаме петмина вработени, еден менаџер и четири продажни лица, кои што нудат и телекомуникациски и фотографски услуги и производи, поради големата побарувачка за тоа во овој трговски центар и за оваа целна група на клиенти.
Следните фотографии се приказ за тоа како изгледа продажниот салон и за разнообразноста на ИТ производите од нашата понуда:

кошничка
можности за плаќање
сертификат за квалитет